Мачката по име Моника посвои мало младенче на рис чија мајка (по име Ариша) не можеше да го дои поради здравствени проблеми, објави зоолошката градина во Усуријск. Моника, која се омачи само два дена порано, го прифати туѓото маче како свое.
Виталиј Анков / Sputnik
Сега малиот рис има околу месец дена и сака да си игра со своите нови браќа и сестри, домашните мачиња. Меѓутоа, тој е поголем од нив и Моника не може да го носи како другите мачиња. Затоа само ќе го грицне за увото, објаснуваат чуварите во зоолошката градина.
Виталиј Анков / Sputnik
Ариша се чувствува подобро по операцијата (имаше царски рез), но за нејзиното маче ќе продолжи да се грижи Моника. Малиот рис сѐ уште нема име.