Путин откри со кого пиел вотка за роденден

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Русија Владимир Путин им раскажа на кинеските медиуми дека за роденден пиел вотка и мезел колбас со кинескиот претседател Си Ѓинпин.

„Претседателот Си Ѓинпин е веројатно единствениот од сите светски лидери со кого сум го прославил својот роденден. Моите работни обврски не ми дадоа да го славам својот роденден со моите странски колеги. А Си Ѓинпин и јас го направивме тоа“, рече Путин.

Претседателот на Русија додаде дека испиле чашка вотка и мезеле „некаков колбас“. Путин претходно вети дека задолжително ќе го проба познатото пиво на градот Ѓинда, каде што се одржува самитот на Шангајската организација за соработка.

Прочитајте повеќе: Подароци за Путин: што му подарија на претседателот на Русија