ФИФА ја „симна“ црвената ѕвезда од кулата на Кремљ во официјалниот спот за Мундијалот

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

ФИФА направи спот во траење од 45 секунди кој ги претставува единаесетте руски градови-домаќини на Светското првенство во фудбал и кој ќе се прикажува на телевизија пред секој натпревар. Гледачите, меѓутоа, забележаа нешто чудно: на едната од кулите на Кремљ стои крст место црвена ѕвезда.

За да биде приказната уште поинтересна, треба да се знае дека крстови никогаш не ги краселе кулите. Пред петокраките на врвовите стоеле позлатени двоглави орли.

Корисниците на социјалните мрежи веднаш почнаа да се шегуваат. Едни велат дека крстовите ги симболизираат гробиштата на руската репрезентација, а други се прашуваат дали стравот од СССР е сѐ уште толку голем што морало да се тргнат ѕвездите?  

Прочитајте повеќе: ФИФА објави ново видео со градовите-домаќини на Светското првенство