Американската ѕвезда на ММА Џефри Монсон доби руско државјанство

Андреј Никеричев/Moskva Agency

Претседателот на Русија Владимир Путин му додели руско државјанство на американскиот мајстор на мешани боречки вештини. Указот со потписот на претседателот е објавен на официјалниот интернет портал за правни информации.

„Да му се даде државјанство на Руската Федерација Џефри Вилијам Монсон роден на 18 јануари 1971 година во Соединетите Американски Држави“, се наведува во указот потпишан на 28 мај.

На Монсон му беше одобрено државјанство уште во декември 2015 година, а желба да стане руски граѓанин тој изрази во март 2013 гоидна.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека Монсон ги исполнил сите потребни формалност од правна природа и дека му останало уште само да даде заклетва.

Запрашан врз основа на што Монсон доби руско државјанство, Песков рече дека тој е добро познат човек во светот на спортот и својата дисциплина, дека тоа било клучно и дека слична пракса постои во многу земји во светот.

Монсон е познат и по своите симпатии спрема Русија и нејзиното советско минато. Спортистот во повеќе наврати излегуваше на рингот со звуците на химната на Советскиот Сојуз.

Тој има и пасош на самопрогласената Луганска Народна Република и  е почесен граѓанин на Абхазија. Во Луганск отвори спортска школа за деца.

Џефри Монсон е познат мајстор на боречки вештини кој се има борено во повеќе од 80 мечеви и има победено во преку 60 од нив, а исто така е шампион и во бразилско џиу-џицу.

Прочитајте повеќе: Што треба да направите за да добиете руски пасош

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња