Џеф Монсон сака да стане руски државјанин

Џеф Монсон во 2012 година излезе на ринг со химната на Советскиот Сојуз. Извор: РИА Новости

Џеф Монсон во 2012 година излезе на ринг со химната на Советскиот Сојуз. Извор: РИА Новости

Џеф Монсон, еден од најпознатите американски мајстори во мешовити боречки вештини (Mixed Martial Arts, MMA) има намера да земе руско државјанство. Во интервјуто што го цитира „Деветтиот канал“, светскиот првак џиу-џицу и еден од најдобрите натпреварувачи на ММА на јавноста ѝ изјави дека се чувствува како Русин и дека би сакал официјално да стане руски државјанин.

Монсон стана популарен во Русија откако го изгуби мечот против Фјодор Емељаненко. На таа борба присуствуваше и Владимир Путин, кој тогаш беше премиер на Русија. Тој по борбата му се беше јавил на Американецот и му посака брзо закрепнување.

Монсон во март 2013 година во интервју за руската телевизија „Дожд“ даде остра изјава против американскиот надворешнополитички курс и против претседателот на САД Барак Обама. 

На турнирот во Саранск (Русија, 650 километри југоисточно од Москва), одржан на 5 септември 2014, Монсон излезе на рингот под химната на Донецката Народна Република (ДНР) „Крени се, Донбасе!“

Во спортскиот спектакл одржан на 21 јуни 2012 година клучната борба на вечерта беше последната борба во кариерата на Емељаненко Постариот (Фјодор), а Џеф се соочи со Русинот Денис Комокин и излезе на рингот под химната на Советскиот Сојуз. Владимир Путин, кој тогаш повторно стана претседател, како знак на почит стана и го поздрави американскиот натпреварувач. „Тоа беше моја идеја. Изгледа дека гледачите беа задоволни. Јас воспоставувам добри односи со Русија и сакам уште повеќе да ги подобрам“, вака ја искоментира својата постапка Монсон, кој во светот на мешовитите боречки вештини е познат под прекарот Снежен човек.

Во мај 2014 година Монсон ја поддржа акцијата „Георгиевска лента“, посветено на победата на Советскиот Сојуз во војната против Германија, а претходно направи неколку тетоважи во знак на симпатии кон Русија. Така на неговото тело можат да се најдат зборовите „слобода“, „солидарност“ и „борец“, напишани на руски јазик. „Го сакам рускиот јазик. Сè е логично“, објасни спортистот на еден турнир. 

На турнирот во Саранск (Русија, 650 километри југоисточно од Москва), одржан на 5 септември 2014, Монсон излезе на рингот под химната на Донецката Народна Република (ДНР) „Крени се, Донбасе!“, што предизвика многу коментари на воодушевување на руските социјални мрежи. Освен тоа, Монсон изјави дека има намера да основа добротворен фонд кој би собирал пари во корист на ДНР. 

Џеф Монсон се забавува со младата Русинка Алесја Карцева и во Русија минува поголем дел од своето слободно време. Само оваа година успеа да ги посети Пенза, Оренбург, Самара, Саратов, Волгоград, Иркутск и Саранск.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња