Сообраќајот преку новиот мост за патнички автомобили и автобуси беше отворен вчера, 16 мај во 5:30 часот. До 19 часот преку мостот во двата правци поминаа речиси 14000 возила. Притоа се наведува дека во времето кога единствениот превоз преку Керченскиот теснец беше траектот, максималното оптоварување беше во август 2017 година, кога за еден ден во двата правци беа превезени речиси 13 илјади возила.
Церемонијата на отворањето на најдолгиот мост во Европа беше одржана на 15 мај во присуство на претседателот на Русија Владимир Путин. Должината на новата магистрала е 19 километри, а дозволената брзина на мостот е 90 километри на час. Кримскиот мост е пуштен во сообраќај шест месеци пред рокот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче