Во Уралскиот крај, во градот Нижневартовск во Автономниот регион Ханти-Мансијск - се случи една необична потера. Неколку часа полицијата бркаше мечка низ улиците на градот.
Со сирени од неколку возила се обидуваше да ја врати назад во шумата, во што на крајот успеа, откако таа во меѓувреме се „прошета" низ цел град и влезе дури и во детска градинка.
Среќа што сето ова се случуваше во раните утрински часови, па ниту во градинката, ниту низ улиците на градот имаше луѓе. Според официјалните лица инцидентот се завршил без повредени или евентуални жртви.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.