Руските безбедносни служби се подготвуваат и за евентуален удар со дронови за Мундијалот-2018

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Единиците за радиоелектронска борба на Министерството за одбрана на Русија ќе применуваат на Светското фудбалско првенство 2018 година системи како што се „Свет-КУ“ и „Житељ“ за заштита на стадионите од беспилотни летала.

Покрај тоа, Федералната служба за безбедност (ФСБ) ќе издвои 60 системи „Арбалет“ за борба против дронови.

Натпреварите ќе се одржуваат во 11 градови на Русија од 15 јуни до 15 јули. Запознајте се со најдеталниот водич за претстојното Светско првенство во фудбал во Русија 2018 година.