Путин се залага за масовно производство на автомобилите од проектот „Кортеж“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Русија инсистира возилата од новата руска марка Aurus да бидат достапни за широк слој потрошувачки.

Судбината на проектот од танаречената Единствена модуларна платформа денеска се најде на дневен ред на годишниот извештај за работата на државната корпорацја „Ростех“ за 2017 година.

На состанокот со претседателот на Русија Владимир Путин, раководителот на „Ростех“ Сергеј Чемезов ја нагласи,  меѓу другото, успешната реализација на проектот „Кортеж“ во кој колективот учествуваше и изрази надеж дека автомобилот му се допаднал на претседателот. Тој рече и дека добива повици од имашливи луѓе кои сакаат да го набават овој автомобил.

Путин ја пофали лимузината Aurus „Сенат“ и ја истакна потребата од почнување на масовно производство на џиповите и седаните од познатиот проект „Кортеж“ за да можат новите автомобили да ги набават не само имашливите луѓе туку и оние со просечна имотна состојба. Претседателот исто така ги пофали минивен возилата кои можат да бидат згодни за семејства со деца.

Чемезов особено го истакна и фактот дека е осмислен и мотоцикл кој требало да ја следи претседателската колона на инаугурацијата, но за жал до тој момент не бил завршен, иако ги поминал сите испитувања. Мотоциклот е исклучително убав и по своите технички карактеристики воопшто не заостанува зад соодветните западни модели, рече раководителот на „Ростех“. Путин на тоа забележа да би требало да биде подобар, против што Чемезов немаше ништо против.

Како што претходно изјави министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров, седанот Aurus Senat, идниот автомобил од премиум класата, нема да може да чини под десет милиони рубли. Идејата беше возилото да биде поскапо од основниот модел на Mercedes S-класата, а околу дваесет отсто поевтино од „Ролс-Ројс“ и „Бентли“.

Инаку новите министри на руската влада до крајот на годинава би требало да преминат на седаните од марката Aurus, по што овие автомобили би биле достапни и за „обичните смртници“.

Во колоната автомобили на Владимир Путин на Денот на Победата имаше два седана Aurus Senat кои ја следеа претседателската лимузина Аurus Senat, три теренци Mercedes-Benz Gelandewagen од обезбедувањето, минибус и неколку возила BMW од серијата 8, пренесуваат руските медиуми истакнувајќи дека рускиот претседател на тој начин се префрлил на автомобил од домашна изработка.

Прочитајте повеќе: „Кортеж“ против „Ѕверот“: „Њузвик“ ги спореди лимузините на претседателите на Русија и САД