Интензитетот на сообраќај преку Кримскиот мост надминува рекорди

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
12 часа по отворањето, интензитетот на сообраќај преку новиот мост го надмина рекордниот број на возила кои пред постоењето на мостот дневно го користеа Керченскиот траект.

Сообраќајот преку новиот мост за патнички автомобили и автобуси беше отворен вчера, 16 мај во 5:30 часот. До 19 часот преку мостот во двата правци поминаа речиси 14000 возила. Притоа се наведува дека во времето кога единствениот превоз преку Керченскиот теснец беше траектот, максималното оптоварување беше во август 2017 година, кога за еден ден во двата правци беа превезени речиси 13 илјади возила.

Церемонијата на отворањето на најдолгиот мост во Европа беше одржана на 15 мај во присуство на претседателот на Русија Владимир Путин. Должината на новата магистрала е 19 километри, а дозволената брзина на мостот е 90 километри на час. Кримскиот мост е пуштен во сообраќај шест месеци пред рокот.

Прочитајте повеќе за Кримскиот мост: Путин како професионалец седна зад воланот на КамАЗ, но зошто веднаш нагази до стотка?