Видео: Во Новосибирската зоолошка мечиња побегнаа од кафез

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Немирното дуо се провлече низ решетките на кафезот, но персоналот на зоолошката не е изненаден.

Кога сте доволно ситни за да можете да се провлечете низ решетки, зошто би останале внатре? Две петмесечни мечиња на азиска црна мечка го направија тоа во Новосибирската зоолошка градина. Избегаа од кафезот и почнаа да се бркаат без контрола. Посетителите ја искористија можноста да ги фотографираат и снимат слатките бегалци.

Повикани беа вработените во зоолошката кои успеаја по неколку обиди да ги опколат мечињата. Директорката на градината за наука Олга Шило потврди дека мечињата можат лесно да излезат од кафезот, но изгледа дека ваквата ситуација не ја загрижува многу. Таа за nsg.ru исто така изјави дека повремено се случува да избегаат и лемурите, но секогаш се враќаат.

Погледнете: Младенче на пума во зоолошката во Новосибирск оди во прва прошетка