Симулиран лов на див ѕвер: Вработен преправен во тигар „побегна“ од Калининградската зоолошка

Калининградска зоолошка градина
Изгледа дека „ѕверката“ само уживаше во прошетката низ градот.

Калининградската зоолошка градина изведе малку необична вежба: човек преправен во тигар требаше да „избега“ за да можат вработените да вежбаат фаќање на дива ѕверка во бегство.

Полицијата, приватни фирми за обезбедување и други луѓе вработени во градските служби требаше да го бркаат лажниот тигар за да почувствуваат како би изгледало тоа доколку случајно би се случило во реалноста.

Меѓутоа, побегнатиот „тигар“ го фатија камерите и можеме да кажеме дека актерските способности потполно го изневерија. Тој не изгледаше како „опасна ѕверка во бегство“, туку како необичен тип кој во крзнен костим се шета опуштено по улиците на Клининград и само одвреме-навреме се свртува за да провери дали го стигнале оние што го гонеа.

Со вака мрзелив тигар не е никакво чудо тоа што вежбата беше „многу успешна“.

Прочитајте повеќе: Паласовата мачка од московската Зоолошка градина конечно задоволна од временските услови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња