Видео: Страшен лет на руски возач на авто трки при брзина од 300 км на час

Возач на авто трки од Русија доживеа несекојдневен судар на светското првенство во Белгија. Болидот кој се движеше со брзина од 300 километри на час се преврте во воздух, а возачот помина само со неколку модринки.

Возачот на авто трки од Русија Матевос Исакјан од тимот на „СМП Рејсинг“ за чудо остана жив кога во првата етапа на трката во издржливост на FIA WEC која се одржува во Белгија излета од патеката. Спектакуларниот лет на рускиот возач не беше прикажан во текот на преносот, а го снимија гледачите од трибините. На клипот се гледа како автомобилот, прототип на моделот BR1 на рускиот производител BR Engineering, при огромна брзина се превртува во воздух. Автомобилот, инаку, се движеше со брзина од околу 300 километри на час, а Исакјан се здоби само со неколку модринки.

„Допрва треба да ја разгледаме ситуацијата и да утврдиме што ја причини несреќата“, ја коментираше автомобилискиот ас несреќата. „Брзо возевме во текот на целата трка и, иако бевме последни на стартот, успеавме да ѝ се приближиме на водечката тројка, па постоеше можност да се вброиме во победниците“, додаде тој.

Откако ја погледна видеснимката тој рече дека сѐ изгледало токму така и од кабината, така што ништо ново не дознал.

„Ме одвезоа во амбуланта, но кога дирекцијата на трките ја виде снимката од несреќата, ме пратија во болница на подетално испитување. Но лекарите повторно не најдоа ништо, поминав само со неколку модринки, што по таква несреќа го сметам за голема среќа“, рече Матевос.

Ваква несреќа, како што пренесуваат медиумите, спаѓа во многу ретките, а ја споредуваат само со превртувањето на Шкотланѓанецот Питер Дамбрек во текот на трката „24 часа Ле Ман“ во 1999 година.

Прочитајте повеќе: Првиот руски автомобил за трки во издржливост е едноставно фантастичен

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња