Дизајнерот ја понуди својата визија на првиот спортски автомобил на домашниот автомобилски гигант наменет за возење на јавни патишта. Автомобилските експерти, меѓутоа, се сомневаат дека машината би можела да ја здогледа светлината на денот, но сметаат дека АвтоВАЗ би можел да постапи како странските компании кои ваквите прикази ги собираат во база на податоци и ги имаат на ум. Често се случува, како што наведуваат тие, идеите на уметникот отстрана да влијаат на ентериерот и екстериерот на новите модели на светските брендови.
Дизајнот Lada Questa е развиен врз база на моделите Vesta и XRay, меѓутоа многумина корисници на интернетот во него препознаваат карактеристики на италијанските суперавтомобили Bugatti. Како што притоа истакнуваат љубителите на автомобили, зачувани се обележјата X на дизајнот на Волшката фабрика за автомобили.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче