Првиот руски автомобил за трки во издржливост е едноставно фантастичен

Panoramic/Global Look Press
Дури и Брус Вејн би бил горд со BR1 кој неодамна ѝ беше претставен на јавноста во Бахреин.

Рускиот конструктор на тркачки автомобили „BR Engineering” минатата година најави дека работи на првиот модел на спортски автомобил за трки во издржливост. Година дена подоцна во финалната етапа на FIA Светското првенство во трки во издржливост во Бахреин (од 16 до 18 ноември) на јавности конечно ѝ е претставен прототипот на новиот модел BR1.

Како што пренесува порталот „Автоњуз“, BR1 има надворешна носечка конструкција од едно парче карбон и мотор на реномираниот производител AER (двоен турбо-мотор со шест цилиндри и 720 коњски сили). Некои делови на автомобилот беа конструирани од руски студенти. Атмосферскиот мотор со осум цилиндри исто така може да биде инсталиран на овој модел. Италијанската компанија Dallara е заслужна за аеродинамичките карактеристики BR1, поrади кои се направени околу 1000 тестирања.

Тркачкиот тим SMP Racing го пријави возилото, а возачот Михаил Аљошин, кој новиот автомобил пред Бахреин го возеше на патеката во Арагон во Шпанија, вели дека BR1 е створен за победа. „Импресиониран сум од квалитетот на прототипот и начинот на кој тој реагира на командите“, изјави тој за „Автоњуз“. Аљошин смета дека овој автомобил во следната сезона ќе биде сериозен конкурент на своите ривали.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња