Kaко што се наведува, летот е организиран во чест на претстојниот Ден на Победата над фашизмот во Втората светска војна.
Летото од Темрјукскиот реон на Краснодарскиот крај до Керч траеше два часа.
Претставникот на организаторот „Добротворен фонд „Св. Лука“ (Воено Јасенецки) Родион Шеин кратко прокоментира дека запремнината на аеростатот е четири илјади кубни метри (двојно поголема од „обичен“ балон), како и дека ова е првпат некој со аеростат да го прелета Керченскиот залив.
Пилотите Виталиј Ненашев и Сергеј Белорусов кои управуваа со аеростатот на Крим донесоа и подароци, амфора со вино и винова лоза.
„Ова историско достигнување, кое го симболизира обединувањето на нашите два региона, привлекува големо внимание како на жителите на Крим така и на туристите. Наскоро ќе нѐ обедини и Кримскиот мост, па заеднички ќе ја спроведеме туристичката сезона“, рече Георгиј Грушин од Министерството за туризам на Краснодарскиот крај.
Аеростатот е инаку копија на многу поголемиот балон од сто илјади кубни метри кој се прави за светски познатиот руски патник и православен свештеник Фјодор Коњухов, кој наесен ќе полета во него во истражување на стратосферата.
Аеростатот во Краснодарскиот крај ќе биде вратен со автомобил, а пред тоа ќе биде изложен во центарот на Керч за да можат да го видат сите заинтересирани.
Според пишувањето на медиумите, поради специфичниот правец на морските ветрови летот на оваа релативно кратка маршрута е можен само на голема висина. Слични летови се вршат над Ла Манш, но сѐ уште никој не се осудил на лет над Керченскиот залив, иако условите за спортистите, како што се наведува, се многу интригантни.