Зошто алигаторот на Хитлер живее во Москва?

Главниот влез во московската Зоолошка градина

Главниот влез во московската Зоолошка градина

Moskva Agency
Московската зоолошка градина помина низ тешки времиња, но со поддршка од државата и приватните спонзори опстана едниот од најстарите симболи на рускиот главен град. Еден од жителите на зоолошката е алигаторот од Мисисипи за кој со години се зборува дека можеби бил дури и омилениот крокодил на Хитлер.
Непознат автор

Основана во 1864 година, Московската зоолошка градина е една од најстарите во Европа.

Сега се наоѓа во срцето на главниот град на Русија, но не секогаш било така. Во XIX век зоолошката била надвор од градот. Тоа било едно сликовито место со палати и многу зеленило, омилено за променади.

Имотните луѓе често ги подарувале своите миленици на Зоолошакта градина и така ја збогатувале нејзината колекција. Рускиот император Александар II подарил индиски слон, а Велики кнез Константин Николаевич Романов - носорог. Зебрата ја подарил Исмаил-паша, турски кедив (намесник) во Египет и Судан. 

Граѓанската војна во Русија не ја преживеаја околу 90 отсто од животните. Но, потоа, во советско време, дојде до препород: територијата на зоолошката е проширена, изградени се павилјони за животните, а се појавија и нивните жители.

Во 1935 година лавицата го одбила своето младенче и вработената во зоолошката Вера Чаплина го однела животното дома, во својот комунален стан. Лавчето го нахранила Верината женка на овчарски пес и така станале толку блиски, што се вратиле заедно во Зоолошката градина.

Во 1927 година зоолошката го доби називот ЗОО и стана научен центар. Зоолозите организираа конференции, работилници и семинари, работеа во нови лаборатории и ветеринарски клиники.

Дури и за време на Втората светска војна зоолошката продолжува да работи. Од 1941 до 1945 година е посетена од повеќе од шест милиони луѓе. Повеќето животни преживуваат иако самите вработени гладуваат.

1970-1980 беа тешки години за Зоолошката градина. Без државна поддршка почнува да се распаѓа. Градбите се во толку лоша состојба што жабите испаѓале од терариумот и им паѓале на амурските тигри на глава.

Реконструкцијата почнува во 1990-те под лична контрола на тогашниот градоначалник на Москва Јуриј Лужков. Може слободно да се каже дека на почетокот на 2000-те рускиот главен град добива комплетно нова Зоолошка градина. Денес овде живеат околу 8000 животни, претставници на 1000 видови, од слонови до ровчици долги седум сантиметри. 

Алигаторот Сатурн

Еден од најчуваните жители е алигаторот од Мисисипи по име Сатурн. Легендата вели дека Хитлер сакал да го набљудува ова животно во Берлинската зоолошка градина, каде Сатурн живеел. И од каде се преселил во Москва во 1946 година.

Бејбибум во Московската зоолошка градина

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња