Два хималајски козорози се бореа глава со глава во Москва

Philipp Schulze
Зоолошката градина на главниот град на Русија објави видео од борбата меѓу двете животни.

Московската зоолошка градина објави видео со два хималајски козорози како се борат на врвот на карпестиот рид во зоолошката градина.

„Борба! За некои, пролетта е сезона на љубов, за други, тоа е време за ритуални турнири. Хималајските козорози си ги пробуваат силите во битки на врвот на планината“, се вели во објаснувањето на објавата.

Зоолошката градина на Москва ги набави првите хималајски козорози во 1990-те. Тие живеат во стада, а мажјаците се натпреваруваат во борба глава со глава.

Прочитајте повеќе: Бејбибум во Московската зоолошка градина

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња