Бејбибум во Московската зоолошка градина

Московската зоолошка градина, формирана во 1864 година, е една од најстарите во Европа и најголемата зоолошка градина во Русија. Ги има надживеано турбулентните времиња и надминала бројни тешкотии. За среќа, во последно време вестите околу неа се одлични и вклучуваат појава на неколку нови засилувања, кои сѐ уште се сосема млади. Едно од последните меѓу нив е ова бебе маслинест капуцин. Маслинестите капуцини се познати уште и како расплакани, бидејќи нивниот плач потсетува на човечко бебе – интересна појава.

Московската зоолошка градина, формирана во 1864 година, е една од најстарите во Европа и најголемата зоолошка градина во Русија. Ги има надживеано турбулентните времиња и надминала бројни тешкотии. За среќа, во последно време вестите околу неа се одлични и вклучуваат појава на неколку нови засилувања, кои сѐ уште се сосема млади. Едно од последните меѓу нив е ова бебе маслинест капуцин. Маслинестите капуцини се познати уште и како расплакани, бидејќи нивниот плач потсетува на човечко бебе – интересна појава.

AFP
Во последниве месеци, животот во една од најстарите зоолошки градини во Европа беше исполнет со настани: многу од видовите кои живеат тука, си родија бебиња. Погледнете ги овие среќни мајки и нивните срцепарателни наследници!
Сѐ уште не се знае дали овој сечуански такин е девојче или момче, но сепак неговото раѓање е важен настан: сечуанските такини се на „Црвената листа“ на Меѓународниот сојуз за заштита на природата, а да видиш претставник на овој вид во зоолошката градина е вистинска реткост. Интересно е што такините генерално се поблиски до овните, иако повеќе личат на бикови. Тие се меѓу најслабо проучените копитари и ова бебе може да помогне за подлабоко изучување на целиот вид.
Во дивината малите Хумболт пингвини ги напуштаат своите легла на 10-12-месечна возраст и достигнуваат целосна зрелост за две години. Но, во текот на целиот свој живот, тие остануваат социјално ориентирани, ги познаваат своите соседи и можат да ловат заедно. Во Московската зоолошка градина тие воопшто не се плашат од луѓето; некои од нив дури и сакаат да бидат галени од посетителите.
Постои, меѓутоа, едно бебе кое се менува уште повеќе со возраста: овој мал Хумболт пингвин. Бебињата од овој вид воопшто не личат на возрасните: бојата им е различна. Семејниот живот на овие пингвини многу наликува на човечкиот: тие создаваат двојки за цел живот и гнездо на истото место. Секоја мајка го познава своето бебе по гласот (кој, патем, не е многу убав - личи повеќе на магарешко рикање).
Ви личи ли ова кревко пиленце на иден крунисан жерав? Не сосема, но наскоро тоа ќе се претвори во убава и силна птица, која е висока над 1 метар и која тежи 3.5 килограми, со круновидна качулка. Овој вид жерави ги населуваат западните и јужните региони на Африка и се познати по својата уникатна способност да седат на дрвја. Ниту еден друг вид жерав не е способен за тоа.
Оваа мајка од видот мачешки лемур несебично го брани своето бебе. Тоа ќе остане со неа не подолго од пет месеци, по што ќе стане независно. Овие животни живеат во групи од 20-30, а сите останати 15 лемури во Московската зоолошка се му се наклонети на новороденчето. Интересно и претпазливо младенчето се искачи по грбовите на татка си и на брата си. Нели е слатко?
Ова бебе алпака е навистина посебно: малата госпоѓица е бела, што е доста ретко, и е првата алпака, родена во Московската зоолошка градина. Овие животни се развиваат доста брзо - тоа веќе тежи пет пати повеќе отколку при раѓањето. Алпаката е послушно и пријателски расположено животно и сака да комуницира со луѓето и со сличните на себе.
О, колку цврсто се вклопчило ова младенче во мајка си! Бебето ќе остане прилепено за грбот нејзин уште четири недели и дури потоа, во текот на неколку месеци, ќе биде постојано до неа. Маслинестите капуцини се познати по тоа што ја користат опашка како трета (или можеби петта во случајот на мајмуните) рака, но ова бебе е премало за да ја користи за таа намена.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња