Мечка што сакала да оди во Русија ја скршила оградата на границата со Летонија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во обид да прејде од Летонија во Русија мечката ја оштети оградата на летонско-руската граница.

Како што пренесуваат медиумите, повикувајќи се на Државната гранична служба на Летонија, граничарите откриле дека на неколку столбови, на висина од околу половина метар, се откачени спојниците кои ја држеле оградата.

Вршејќи надзор на местото, граничарите нашле траги кои говорат за тоа дека виновник за оштетувањето е мечка на која оградата, очигледно, ѝ пречела да ја премине летонско-руската граница, велат од државната гранична служба на Летонија.

Погледнете како хималајска мечка исклучува камера