Зградата на Кудринскиот плоштад висока 156 метри.
birdseyeview.ruСедумте сестри се седум московски облакодери изградени во сталинистички стил.
Главната зграда на Московскиот државен универзитет висока 240 метри.
birdseyeview.ruТерминот „Седумте сестри” Русите не го користат, ниту пак Московјаните го разбираат. Тие ги викаат „Облакодерите“ (Высотки) или „Сталиновите облакодери” (Сталинские высотки).
Radisson Royal Hotel (поранешниот Хотел „Украина“) висок 206 метри.
birdseyeview.ruОблакодерите се подигнати во периодот од 1947 до 1953 година во комбинација од советски барок и готски стил, технологијата која е користена при изградбата на американските облакодери.
Облакодерот на Котељническиот кеј висок 176 метри.
birdseyeview.ruСедумте величествени се: Radisson Royal Hotel (поранешен Хотел „Украина”), облакодерот на Котељнически кеј, зградата на Кудринскиот плоштад, Hilton Leningradskaya Hotel, Министерството за надворешни работи, главната зграда на Московскиот државен универзитет и административно-станбената зграда на Плоштадот „Црвена капија“ (Площадь Красные ворота).
Зградата на Министерството за надворешни работи на Смоленско-сениот плоштад висока 172 метри.
birdseyeview.ruЅвезди има на само шест од седумте „сестри“, затоа што се покажа дека врвот на зградата на Министерството за надворешни работи е преслаб да ја носи оваа тешка инсталација.
Hilton Leningradskaya Hotel висок 136 метри.
birdseyeview.ruВо планот за изградба имаше уште два облакодера, но никогаш не се изградени. Тоа требало да бидат административна зграда во реонот „Зарјадје“ и Дворецот на Советите.
Административната града на Плоштадот „Црвена капија“ (Площадь Красные ворота) висока 138 метри.
birdseyeview.ruФотографот Сергеј Шумилов и пилотот Данил Ананиев одлучија да ги фотографираат познатите ѕвезди користејќи професионален октокоптер (вид дрон) ДЈИ DJI Spreading Wings S1000 со монтиран фотоапарат Sony Nex-5R.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче