Сергеј Мавроди
Валериј Матусов/Global Look PressНа 63-годишна возраст во московска болница од инфаркт почина Сергеј Мавроди, основачот на најголемата финансиска пирамида во Русија.
Мавроди на почетокот на 90-те беше еден од најпопуларните луѓе во Русија. Бизнисменот во 1989 година ја создаде компанијата МММ која се претвори во најголемата финансиска пирамида. На почетокот луѓето добиваа големи проценти за своите влогови, но кога бројот на клиенти престана да расте, средствата престанаа да се исплатуваат. Според процените на различни извори, МММ ограби од 10 до 15 милиони луѓе.
Мавроди беше осуден на 4,5 години затвор. Во 2011 година тој повторно се обиде да организира финансиска пирамида под називот МММ-2011, но неуспешно.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче