Колку би платиле за „спасоносен лек“? Една 75-годишна пензионерка од Москва плати пет милиони рубли или 72 илјади евра. Нејзе во телефонски повик ѝ соопштиле дека се наоѓа во терминална фаза на болест и дека може да ѝ помогне само нов експериментален лек. Таа потоа ја собира целата своја заштеда и го купува напитокот, за на крај да се покаже дека сето тоа, се разбира, било измама.
Откако лекот воопшто не стигнал, по два дена таа ја повикала полицијата. Жртви на слични лажни телефонски повици секојдневно се типични „бабушки“, а во овој случај изненадува тоа што оваа госпоѓа е доктор на хемиски науки и поранешна професорка на Московскиот државен универзитет.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче