Веќе во мај, во првата фаза, веднаш по завршувањето на изградбата, друмскиот дел на Кримскиот мост ќе биде отворен за сообраќај на патнички автомобили и автобуси. Во втората фаза, односно кон крајот на оваа година, преку мостот ќе можат да поминуваат и камиони, пренесуваат медиумите.
Од ова правило ќе биде исклучок товарниот транспорт поврзан со изградбата на недовршениот железнички дел на мостот (рокот за завршување на работите е следната година), кои по коловозната делница че може да функционира веднаш по пуштањето во работа на мостот.
Во врска со намерите на градителите на Кримскиот мост преминот преку Керченскиот теснец да ги отворат за друмски сообраќај значително пред предвидениот рок, односно во мај 2018 (место при крајот на годината, како што првично беше планирано), Министерството за сообраќај на РФ разгледува етапна шема за организација на сообраќајот по новата траса, се вели во соопштението на Министерството за сообраќај.
Според плановите на овој ресор, во мај во функција ќе биде ставена 40 километри долгата пристапна сообраќајница од страна на Таманскиот полуостров, од постојниот федерален пат А-290 до мостот.
Истовремено на кримската страна за отворање во работен режим ќе биде подготвена пристапната сообраќајница од Кримскиот мост до крстосницата со автопатот Таврида. Собраќајот понатаму ќе се одвива по двете ленти на постојниот пат Керч-Симферопол.
До крајот на оваа година ќе бидат завршени сите пристапни сообраќајници, што ќе овозможи да се укине ограничувањето за товарен сообраќај преку мостот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче