Купувам - продавам: Кои се најбараните мачки во Русија?

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Еден од најпопуларните сајтови во Русија за огласи „Авито“ на 1 март, по повод Светскиот ден на мачките, се заинтересира кои се најбараните мачки во земјата и колку чинат.

Во категоријата животни 16,7% од огласите се однесуваат на мачки и најпопуларни се шкотските (36,9%). На второ место се британските (22,6%), а третото ѝ припаѓа на полудолговлакнестата Мејн Кун мачка (8,6%). Во групата од 7 најбарани се бенгалската, канадската, донскиот безвлакнест сфинкс и абисинската мачка.

Просечната цена за една мачка на сајтот „Авито“ во јануари оваа година изнесуваше 13,2 илјади рубли (190 евра) и треба да се каже дека цената на животните опадна за 23,5% од почетокот на годината. Најскапи се канадските сфинкси (21300 рубли или 310 евра) а најевтини донските (6800 рубли или 100 евра).

Канадскиот сфинкс минатата година речиси двојно поскапе, додека шкотските и британските мачки се поевтини за околу 50%. Сепак, сервисот „Авито“ нагласува дека многу мачки преку нивниот сајт едноставно „одат во добри раце“.

Прочитајте повеќе: Во Москва се отвора Храм на мачките