Во Москва се отвора Храм на мачките

Јуриј Куклачев. Извор: РИА Новости.

Јуриј Куклачев. Извор: РИА Новости.

По реновирањето повторно ќе биде отворен Театарот на мачките на Јуриј Куклачев, а во него ќе има и Храм на мачки во кој ќе се одржуваат предавања за добро однесување и за превенција од алергии.

Во Москва по реновирањето се отвора театарот на мачки на Јуриј Куклачев. Локалот на легендарниот кловн и дресер неколку години беше затворен заради реновирање, а претставите се одржуваа во зградата на фолклорниот центар во близина. Затоа сега единствениот театар на мачки во земјата и во светот повторно ќе биде отворен, при што освен волиери и сцена во него ќе има и „Храм на мачките“.

По сè изгледа, храмот ќе биде сличен на кафулињата за мачки што се популарни во Азија и едноставно ќе биде место во кое ќе има многу мачки кои посетителите ќе можат да ги допрат и да ги погалат. „Таму луѓето ќе можат да си поседат, да се одморат во „друштвото што преде“, изјави за РИА Новости Куклачев. Освен тоа во храмот, или во градината на мачките, како што уште го нарекуваат, животните едноставно ќе си живеат – наместо тесните сопчиња, околу 120 артисти од театарот на мачки сега ќе живеат во големи простории. 

Секоја раса мачки ќе биде претставена во посебен оригинален амбиент - персиските ќе бидат на персиски теписи, сибирските во декоративен сибирски агол.  

Плановите за реновирање и за реконструкција на театарот беа наполеоновски. Пред година и пол кога театарот беше затворен заради реновирање, Куклачев изјави дека Храмот на мачките ќе биде забавно-образовен комплекс за деца и за возрасни. Секоја раса мачки (а во театарот ги има 36) ќе биде претставена во посебен оригинален амбиент – персиските ќе бидат на персиски теписи, сибирските во декоративен сибирски агол, за американските мачки ќе се изгради нешто во духот на Менхетен. 

За своите посетители Куклачев разработил цела забавно-образовна програма – предавања за дресура на домашните мачки и кучиња, специјални прачки со кои младите посетители на храмот ќе можат да си поиграат со мачињата, предавања со психолози за деца и за родители, на кои ќе биде дозволено да се галат мачки. 

„Ќе има и предавања за специјална гимнастика за дишење за децата кои имаат алергија на мачки. Јас самиот долги години правам такви вежби за мојот син Дмитриј, кој уште како мал покажа алергија на мачкино крзно, па со него ја разработив оваа метода“, раскажува артистот.


Принципот на камшик и стап кај нив не функционира, можете само да се договорите... Мачката не можете да ја натерате да падне на колена.

Јуриј Куклачев

Јуриј Куклачев има шеесет и четири години, а повеќе од четириесет тој се занимава со дресура на мачки и со кловновство, тој беше ѕвезда на советската детска телевизија. Сега со него во театарот работи неговиот син Дмитриј Куклачев, кој е исто така кловн и дресер на мачки, тоа е истиот тој син на кој Куклачев му ја пренасочил алергијата. 

Домашните мачки речиси и да не можат да се дресираат, и Куклачев заклучува дека единствен начин да се измисли трик со нив е едноставно да си поиграте со мачката и да го најдете во неа нејзиниот уникатен талент, нејзината особеност и врз таа основа да измислите трик. „Принципот на камшик и стап кај нив не функционира, можете само да се договорите. Ако не сте ја нахраниле, да кажеме еден ден – толку е, ќе започнат болки во желудникот и во црниот дроб, ако ја удрите повеќе ќе нема доверба во вас. Мачката не можете да ја натерате да падне на колена“, вели Куклачев за весникот „Аргументи и факти“. 

Во 2009 година Куклачев се судеше со блогерите кои го обвинија за тортура и за злоупотреба на животни, а пред сè со математичарот Вербицки. Работата се заврши со бришење на објавените материјали за злоупотреба, со извинување и со компензација за Куклачев. „Уникатниот хуман метод“ беше заштитен во судот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња