„Стариот светски поредок воспоставен по Втората светска војна врз основа на тогашниот распоред на силите, фактички „испушти душа“ и сега треба сѐ да се почне од нула. Оттаму е, патем кажано, целиот нихилизам во однос на меѓународното право, улогата на Организацијата на обединети нации и така натаму“, рече Путин во филмот „Светски поредок 2018“ на познатиот руски новинар Владимир Соловјов, во кој рускиот претседател според зборовите на авторот одговори на сите прашања, вклучувајќи ги и „незгодните и личните“.
Како што истакна претседателот на Русија, се случила цела низа настани како што се „поддршката на радикализмот кај нас на Кавказ“, бомбардирањето на Југославија 1999 година без одобрение на Советот за безбедност на ОН, или конфликтот во Ирак.
„Едноставно не им беше гајле и тоа е сѐ. Нанесоа удар, ја разрушија земјата, спроведоа, всушност, интервенција. Не знам дали е тоа добро или лошо; ако народите во Југославија се стремеле кон независност, можеби, тоа е и добро. Но дали требаше да се прави тоа на таков начин?“, рече Путин.
Потоа Авганистан, па потоа Ирак, наведе Путин, плиснаа два брана на проширување на НАТО едноподруго, како што се изрази тој. Тој додава дека независно од тоа колку неочекувано било тоа, таквите настани требало да се очекуваат, како и дека Русија покажала во најмала рака некомпетентност и несфаќање на она што ќе се случува со светот и со земјата во иднина по, како што тој го нарекува, едностраното предавање на позициите.
Путин уште во 2005 година, во обраќањето до Федералното собрание, го карактеризираше распадот на СССР како голема геополитичка катастрофа на векот. Подоцна тој повеќе пати се има навраќано на таа тема во своите настапи, пренесува агенцијата „Интерфакс“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче