Претседателот на РФ Владимир Путин изјави дека СССР не требало да се растури и дека можело да се оди по патот на демократски реформи, но Комунистичката партија промовирала идеи кои биле деструктивни за земјата, пренесува РИА „Новости“.
„Знаете што мислам за распадот на Советскиот Сојуз. Тоа не мораше да се направи. Можеше да се спроведат реформи, вклучително и со демократски карактер.
Но, сакам да ви укажам дека на чело на нашата поранешна татковина, СССР, се наоѓаше комунистичката партија. Токму таа, која промовираше националистички идеи, или други деструктивни идеи кои се погубни за секоја држава“, изјави Путин на средбата со раководствата на политичките партии во Кремљ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче