Нема предавање: Руски инвалид на „Инстаграм“ секојдневно докажува дека секогаш има излез

Рустам Набиев
Рустам Набиев остана без двете нозе во урнатините на касарната, но преживеа и е среќен во животот. Води блог и му докажува на светот дека животот е чудо.

Дваесетипетгодишниот Рустам од Уфа имаше тешка несреќа во војничките денови. Тој смета дека повторно се родил на 12 јули 2015, кога касарната се урнала. Несреќата однесе 24 животи, а тој ја поминал ноќта под урнатините. Ги загуби двете нозе но не и животот. Активно игра хокеј и води популарен блог на „Инстаграм“. Разговаравме за спортот и за тоа како ја преживеа трагедијата.

„Со спорт се занимавав уште пред војска. Аматерски, но со задоволство. Шест години се занимавав со атлетика, четири години кревав тегови“, вели Рустам за Russia Beyond.

По трагедијата му понудиле да игра параолимписки или слеџ хокеј и тој се согласил. „Претходно немам играно хокеј, не ги знаев ниту правилата. Но морав да се занимавам со нешто по хендикепот. Најважно беше да не седам дома“.

Хокејот денес е неговото главно занимање. Тимот во кој игра учествува на различни натпреварувања, често патува по Европа. Во 2017 година ги освои Купот на континентот, бронза на Првенството на Русија, злато на Европското првенство во Полска и турнирот „Малме Опен“ 2018 година во Шведска.

Победата на хокеарската репрезентација на Русија на Олимпијадата во Пјонгчанг го израдува многу. „Горд сум што и покрај сите санкции и забрани нашите спортисти не се предаваат и докажуваат дека сме голема спортска држава!“ За Рустам настапот на Параолмписките игри е животна цел.

Неговиот профил на „Инстаграм“ го следат 118000 луѓе. Тој многу зборува за својот живот. „Главната идеја на блогот е да им докажам на сите дека што и да се случи лошо во животот, човекот е во состојба да го сврти тоа во своја полза. Сакам да докажам дека хендикепот не е крај на животот, туку само нова страница со нови авантури“.

Сегодня был, поистине, чудесный день😍А начался он с утра, с сумасшедшего олимпийского финала по хоккею нашей сборной России и Германии🔥Матч был очень нервным для меня, сказать что я очень переживал, ничего не сказать.. После того, как немцы вышли вперёд, за 3 мин до окончания 3го периода, я на пальцах все ногти сгрыз😁Но, наши показали настоящий характер и смогли переломить ход игры и все-таки смогли поставить золотую точку этих Олимпийских игр🥇 Сборная Россия, впервые за 26 лет взяла золото на Олимпийских играх🎉Моему счастью просто не было предела, кричали,орали, ликовали все члены нашей семьи, даже Софиюшка от радости улыбалась😍 В общем, поздравляю нашу " КРАСНУЮ МАШИНУ"с этой великой победой💪🏻 После этого, от радости, я уговорил свою жену пойти покататься на санках😅 Была чудесная погода, солнышко и мороз❄️Пока Индира меня дотащила до горок, постоянно ворчала ,говоря что я тяжёлый 😁Хотя это не правда, в последнее время я очень сильно похудел🙈Сейчас я вешу где-то 54-55кг, прямо как модель😅 Покатались, посмеялись вообще от души😍❤️ Вспоминали наши былые времена, как мы тайком от всех встречались у моста, как лёжа на траве я пел ей песенки, считали звезды на небе, мечтали..Эх,сплошная романтика☺️ Считаю, что это прекрасное завершение моих выходных, ведь уже сегодня ночью, я отправляюсь в Москву, на спортивные сборы💪🏻 За 2,5 года, как я стал "другим" человеком, понял одно.. какая бы жизнь не была, она прекрасна! И я это буду доказывать на протяжении всего своего пути🙏🏻 Всех крепко обнимаю🤗❤️

A post shared by Рустам (@rustam_nabiev92) on

Со снимките што ги објавува тој се обидува да ги расположи луѓето. Животот е преубав, каков и да е. Секогаш велам дека не треба да се жалите и да живеете без цел, затоа што оние момци кои загинаа во касарната сигурно би сакале да бидат на вашето, па дури и на моето место. Мислам дека тоа е одлична мотивација дека никогаш не треба да се предавате“.

Многумина кои го следат неговиот „Инстаграм“ профил се навистина мотивирани. „Некои ми пишуваа дека сум им помогнал да не ја направат најголемата грешка: да не си го одземат животот. Искрено кажано, убаво е да знаеш дека им помагаш на луѓето да се борат за животот. Верувам дека вредеше поради тоа да преживеам и да продолжам да се борам!“

Од Рустам често очекуваат да раскажува за својот секојдневен живот. Покажува како е опремен неговиот стан за живот на човек со посебни потреби. Ја шета Уфа и кажува дали и колку градските власти се грижат за движењето во инвалидска количка. Или едноставно раскажува како вози кола.

Рустам најдобро го мотивира неговата сопруга Индира. „За мојата жена можам да зборува бесконечно. Тоа е прекрасна личност. Таа ме спаси, ме извлече од трагедијата. Пред уривањето на касарната бевме во врска пет години. И Индира остана покрај мене. Не се исплаши да ме прифати таков каков што станав“, вели Рустам.

Тој признава дека се плашел дека ќе го остави девојката. Кога излегол од кома ѝ рекол дека е најдобро да го стори тоа веднаш. „Ми одговори дека ме сака и дека никогаш нема да ме остави, каков и да сум, со нозе иле без. По тие зборови стана мојата најголема мотивација да се борам за својот живот и за иднината“.

Индира била цело време покрај него, го хранела со лажичка, се грижела за него како за мало дете. „Ја сакам и за сѐ што сум постигнал до денес можам да ѝ се заблагодарам нејзе“. Рустам и Индира неодамна станаа родители.

„Во такви ситуации е многу важна поддршката од најблиските. Постојано повторувам дека човек е во состојба да постигне многу нешта, но кога веруваат во него, тој може да го постигне и невозможното! Индира веруваше во мене, веруваше дека можам да се извлечам, да ги надминам своите слабости, стравот, болката. Нејзината поддршка и вербата ми дадоа крила“.

Прочитајте повеќе: Момчето што не може да не го сакате

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња