Момчето што не може да не го сакате

Стјопа секој ден осознава нешто ново и открива поими кои претходно му биле непознати, а кои во нормални околности му се познати на секое дете. Извор: pravmir.ru

Стјопа секој ден осознава нешто ново и открива поими кои претходно му биле непознати, а кои во нормални околности му се познати на секое дете. Извор: pravmir.ru

За оваа сторија не треба ништо особено да се каже, освен дека навистина го одзема здивот кај секој што ќе ја прочита.

Стјопа, малото сираче кое може да се движи само во инвалидска количка, не замина на посвојување во САД поради „Законот на Дима Јаковлев“. Но, неодамна Стјопа во Самара доби вистинско семејство: мајка Наталија, две сестри, баба, па дури и куче. Наталија смета дека таа имала повеќе среќа од Стјопа, зашто таа смета дека нејзиниот посвоен син е најдоброто момче на светов. Таа зборува за причините што ја навеле да посвои дете со посебни потреби.

Во една пригода Стјопа (Степан) за малку не заминал од домот за згрижување деца. Се запознал со американска брачна двојка која сакала да посвои дете, тие му донеле подароци и куфер во кој момчето требало да ги спакува своите работи пред заминувањето во новиот дом. Но, речиси пред самиот почеток на судската процедура во која детето требало да им биде предадено на родителите, бил донесен „Законот на Дима Јаковлев“, па Стјопа останал во домот.

Проблемите ќе си ги решаваме дома

Сепак, тој имал среќа. Момчето кое може да се движи во инвалидска количка кон крајот на мај во Самара доби вистинско семејство: мајката Наталија Кажаева, две сестри од тринаесет и четиринаесет години, баба, па дури и куче. Наталија смета дека таа имала повеќе среќа од Стјопа, зашто таа смета дека нејзиниот посвоен син е најдоброто момче на светов.

Всушност сè започна пред повеќе од дваесет години. Мојот прв брак беше бездетен и по долготрајни испитувања и лекувања дојдовме на идеја да посвоиме дете, но тука работата се заврши. Во вториот брак веднаш родив две девојчиња, едно по друго, тие се една година разлика. Кога ги добив ќерките, мислата за посвојување деца беше потисната во втор план, но сепак постојано ми се враќаше. Додека гледав филмови или додека читав написи на оваа тема, секогаш ме обземаше чувство на вина, зашто некаде постои некое дете што требало да го посвојам, а не го направив тоа. За жал, по десет години о тој втор брак пропадна... Кога останав сама со ќерките им предложив да посвоиме дете“

Владимир Путин за посвојувањето деца во Русија

Без одвишни емоции

Сега, кога ме прашуваат за совет и ме молат да раскажам како го посвоив детето, јас им велам: најважно е да не се брза, зашто не треба да се раководите според емоциите. Кога донесов цврста одлука за посвојување дете, на Интернет почнав да читам стории на родители кои тоа го сториле пред мене, да ги следам родителските форуми и на сите можни начини се обидував да бидам максимално информирана. Истовремено на различни сајтови гледав фотографии од деца на кои им се потребни посвојувачи.

Мошне долго ништо ми го немаше допрено срцето... Од сајтовите ме гледаа дечиња со тажни погледи, многу ми беше жал за нив, но ништо повеќе од тоа. И тогаш случајно на сајтот otkazniki.ru видов едно момче. Од мониторот ме гледаше едно дете кое посакав да го прегрнам и да не го пуштам... Но, во неговите лични податоци видов дека момчето не може да оди. Првата мисла ми беше: што ќе ми е инвалид, што ќе правам со него, можеби е подобро да земам здраво дете.

Вечерта плачев со часови. Сфатив дека тие деца со ништо не се разликуваат од здравите, и дека ним им е попотребна мајка. Таа вечер донесов одлука да го посвојам момчето. Почнав внимателно да разговарам со ќерките... Тоа беше во ноември 2012 година, а веќе кон крајот на декември отидов во центарот за социјална работа, го зедов списокот документи што треба да ги соберам и се запишав на курс за посвојувачи. Од јануари тргнав на обука и почнав да ги собирам документите.

Но, сепак, и понатаму чувствував страв и сомнеж. Заради тоа мошне бавно ги собирав документите, сè дури на 17 април не ми се јави ќерка ми и не ми кажа: 'Мамо, на сајтот пишува дека нашето момче е посвоено'.

Тогаш повторно почнав да размислувам за тоа дека инвалид не е за мене, а речиси сите документи се подготвени, така што ќе земам во Самара некое здраво дете. Ова ѝ го бев напишала на волонтерката од фондот 'Волонтерса помош за деца без родители'. Таа ми испрати три линја и ми напиша: 'Ако сте подготвени да земете инвалид, погледнете ги овие три деца. Страницата на Стјопа беше прва. Им ја покажав на ќерките и сите три во ист глас рековме: 'Ова е нашето момче!'.


Средба

Инспекторката од центарот се јави во домот за згрижување деца и таму нè чекаа. Сите деца беа заминале на спиење, освен Стјопа. Тој сè уште беше во дневниот престој. Седеше во својата инвалидска количка, беше малечок, осамен и мошне тажен.

Кога му рекоа дека сме дојдени кај него, лицето му се озари со неверојатна радост и со чудење: 'Белки не кај мене?'. Радоста му беше измепана со загриженост и со очекување дека и оваа приказна ќе заврши и дека сепак на крајот ќе си заминеме.

Првиот ден, кога отидовме таму со волонтерката Лена, тој ни пријде. Најпрво седна кај мене и ми рече: 'Мамо, те чекав', потоа кај неа: 'Мамо, те чекав'. Децата од домовите така им приоѓаат на сите. Додека јас и Стјопа шетавме, влезе некој човек со подароци. Стјопа му пријде и нему: 'Тато, те чекав'.

На следните две средби дојдов сама, а во четвртокот, кога беше потпишана согласноста и кога центарот за социјална работа веќе ги беше подготвил документите, Лена и јас повторно отидовме заедно, но тогаш само јас бев мајката.


Нов свет

Стјопа не спиеше додека патувавме до Самара, а тоа е повеќе од 24 часа. Очигледно беше преплавен од емоции. Освен тоа, се плашеше од возови. Кога покрај нас ќе поминеше друг воз, тој како маче се прививаше до мене и се тресеше од страв.

Првите денови Стјопа во домот на сè гледаше со ширум отворени очи. сè му беше чудно. Дури и прошетката на платото пред зградата за него беше доживување. Кога, пак, се најде во обичен парк, тој толку се збуни, што одвај успеав да направам неколку фотографии на кои се смее.


Сега Стјопа секој ден осознава нешто ново и открива поими кои претходно му биле непознати, а кои во нормални околности му се познати на секое дете.

На пример, Стјопа претходно никогаш се нема возено во градски превоз. Кога првпат влеговме во автобус, тој ги допираше сите луѓе и со сите се поздравуваше. Но, тој е толку позитивен и искрен, и насмевката му е толку прекрасна, што сите околу него почнуваат да се насмевнуваат.

Сега веќе се навикна на градскиот превоз. Токму вчера „работеше како кондуктер“: му ги подаваше на возачот парите за билети од патниците, а на патниците, пак, им ги подаваше билетите. Беше пресреќен, а во автобусот сите се насмевнуваа.

Сака да помага низ дома. Вели: „Јас сум ти помошник!“. Поминаа два месеци, а мојот син толку се измени, што човек не може да го препознае. Погледот му стана самоуверен, сконцентриран, се исправи во 'рбетот/ Сега веќе никој не би рекол дека тој бил во дом за згрижување деца.

Потешкотии

Јасно е дека здравствената состојба ма Стјопа изискува постојано внимание. Се лекуваме во Самарскиот центар за рехабилитација. Одиме и кај логопед и кај психолог, на 12 август бевме во болница на операција на ногата. Сега Стјопа неколку месеци ќе биде во гипс, а потоа повторно ќе одиме на рехабилитација...

Неизводливо е да се грижите за вакво дете и да одите на работа. Излегува дека мојата работа е да бидам мајка. До душа, кај нас во Самара посвојувачите добиваат многу мала компензација. Јас за себе и за Стјопа добивам нешто повеќе од 12 илјади рубли (365 американски долари).

Да не постојат добри луѓе, нам не би ни било лесно. Нашето лекување во Центарот за рехабилитација изнесува 115 илјади рубли, и тоа ни го плати добротворниот фонд, а волонтерите ги платија ортопедските обувки кои чинат шест илјади рубли.


Сериозен проблем е и тоа што немаме кола. Детето во домашни услови за првиот месец и половина се поправи за пет килограми. На почетокот лесно можев да го носам, а сега веќе е тешко да се отиде некаде, така што практично сме врзани за домот. Ете, тоа е проблем за кој не се подготвив. Не знаев дека ќе биде толку тешко без кола. 

Размислувам за тоа да посвојам уште едно момче со детска церебрална парализа. Веќе одамна следам што се случува со него преку сајтот otkazniki.ru. Зошто решив да посвојам и второ дете со сериозен инвалидитет? Зашто еднаш веќе влегов во сосема поинаков свет. Кога на форумите ги читаш приказните на овие деца, сфаќаш дека тие имаат само два пата: дом за инвалиди до крајот на животот или семејство. Трето нема. Како што вели Лена, волонтерката што ми помогна во Москва: „Има чувство дека куќата годи, во неа десетина илјади деца, а ти можеш да изнесеш само две-три. И тие само ги подаваат рацете кон тебе...“ Да не го земев Стјопа само затоа што е болен, и ако изберев здраво дете, по што би се разликувала од оние „родители“ кои болните деца ги оставаат во болница.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.