Радио за душевно болните

Извор: Press Photo

Извор: Press Photo

Радиостаниците во кои како водители и автори на програмите се душевно болни лица, постојат во Шпанија, Мексико, Шведска, Аргентина. Тоа не е само ефикасна терапија, туку и можност да се промени односот на општеството кон пациентите на психијатриските болници. Од минатата година благодарение на напорите на волонтери своја радиостаница доби и Московската психијатриска клиника бр.1.

Редакцијата на радиото „Зазеркаље“ (мак. од другата страна на огледалото) почна со работа во март 2014 година. Студентката на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ Татјана Шчербакова која случајно се нашла во шпанската радиостаница Nicosia каде работат луѓе со пречки во менталниот развој, решила да направи нешто слично во Русија. На идејата се одѕва Регионалната општествена организација „Клуб на психијатари“ и на пациентите кои сакаа да земат учество во проектот им дадоа време и место во дневниот стационар на Психијатриската клиничка болница „Алексеев“.  

На чело на проектот беше Дарја Лебедева, студентка на Катедрата за радио на Факултетот за новинарство при МДУ. Првата половина година авторите на „Зазеркаље“ се обучуваа за работа во радиото. Сајтот на радиостаницата беше официјално отворен во ноември 2014 година. „Зазеркаље“ користи во својата работа како новинарски текстови, така и радиодрами, репортажи, интервјуа, литературни читања. Сега тоа се кратки подкасти кои се истакнуваат на сајтот. Во иднина радиото планира да започне со програма во живо. 

Првиот водител 

Дима има 47 години. Тој потсетува на добродушен дебелко од јапонските цртани филмови: големи црни очи, широка насмевка, мал нос и танки мустаќи. 

Дима концентрирано го чита текстот напишан во широчина со калиграфски ракопис на пет листови. Го стискам копчето за снимање на диктафонот. 

Седиме во собата во која одмораат медицинските сестри. На работ на масичето бело како снег има кутии со кафе, пакувања со чајни колачиња. На ѕидот – календар со голема фотографија на кутре. Дима, тешко дишејќи и пелтечејќи, му раскажува на кутрето што е тоа стигма во психијатријата. Јас ги гледам неговите листови и сфаќам дека Дима го репродуцира напишаниот текст збор по збор. 

- …Мислам дека, ако нашиот проект… нашето радио испадне успешно, тогаш тоа може да стане успешна платформа за... за обединување на луѓето со психички аберации. Нивниот глас ќе го слушнат не само лекарите или другите пациенти, туку и другите, здрави луѓе. И тогаш ние, душевно болните, ќе покажеме дека исто така можеме да бидеме корисни за општеството, дека можеме да работиме и да се занимаваме со творештво. Најверојатно, со ова би сакал да завршам. Ви благодарам. 

Така поминува првото снимање во радиото „Зазеркаље“. На располагање ни се еден диктафон, микрофон за глас и дозвола да работиме во дневниот стационар на психијатриската болница „Алексеев“. 

Планирање во редакцијата 

На првата средба дојдоа осум пациенти од разни психијатриски болници. Нам ни дадоа голема светла соба – креативно студио. Ги поставивме во круг столовите, седнавме, се запознавме. Момчињата почнаа со прашања, меѓу првите беа „На кои радиобранови ќе емитуваме?“ и „Кога ќе не слушнат во Мексико?“. Тие дојдоа на работа со цврста решеност да го сменат односот кон психички болните во целиот свет, да ја срушат стигмата.  

Радиостаниците во кои како водители и автори на програмите се душевно болни лица, постојат во Шпанија, Мексико, Шведска, Аргентина. Тоа не е само ефикасна терапија, туку и можност да се промени односот на општеството кон пациентите на психијатриските болници.

Средбата некако ме разочара: сите изгледаа премногу нормални. Зашто јас си мислев дека ќе има состанок на разврескани лудаци. Подоцна еден лекар рече дека тогаш, напротив, дојдоа тешко болни, меѓу другото и инвалиди од прва категорија. 

Решија дека за почеток ќе направиме час на плејбек. Потоа дискутиравме за темите. 

Јас предложив две опции за тоа каде можеме да се снимаме: во професионалното универзитетско студио и во дневниот стационар, користејќи ги притоа диктафонот и микрофонот. Момчињата решија дека им е поубаво во стационарот. Единствено Костја реши да појде во студио – тој беше единствениот кој сè уште лежеше во болница. 

На една од средбите јас предложив да поразговараме за тоа што му недостасува на психички нездрав човек. 

- Работа, - како во хор рекоа Костја и Дима. 

- Работа, се разбира,  - се согласи Александар. 

- Несомнено некакво занимање надвор од болницата, - одговори Татјана. 

Надја енергично климаше со главата.

- Разбираш, - почна Максим, - нам толку не ни се потребни пари... Во смисла, многу пари не ни требаат, доста ни се малку. За да купиш цвеќе на девојката, за нов телефон да собереш. Но најважно е можноста да се наоѓаш меѓу здрави луѓе, можност да се чувствуваш нормален. А вака, што имаме: омразени станови во кои се разболевме, со лути роднини и дневен стационар во кој спрема нас се однесуваат како спрема пациенти. 

Втората емисија 

Костја е инвалид од прва категорија, неспособен за работа. Изминатава половина година тој ја помина во психијатриска болница. Пред тоа тој лежел таму многупати. Има триесет и шест години, иако на изглед нема да му дадеш над дваесет и пет. 

Дојдовме во студиото.

- Одиме. Добар ден. Ова е радиото „Зазеркаље“, јас се викам Константин. сè е во ред? Да прочитам повторно? Добро. Сепак повторно ќе прочитам. Добар ден. Ова е радиото „Зазеркаље“, јас се викам Константин. 

Деца-404
Десетици спасени животи се на сметката на единствената група во Русија за тинејџери-хомосексуалци „Деца-404“. Тимот волонтери и психолози од различни градови им помагаат на младите луѓе, кои поради својата сексуална ориентација се осудувани од страна на наставниците, се тепани од другарите и кои се избркани од својот дом од страна на сопствените родители.

И Костја почна да раскажува како полудел.

- Се сеќавам, со девојката решивме да направиме спиритуална сеанса. Јас веќе бев во состојба кога мојата болест се развиваше и кога ме интересираше сè од задгробниот живот. Се сеќавам како со прстите одвоив два збора: „Психа си“. Така ми одговори духот. Тоа многу ме вознемири. Истрчав на улица, влегов во колата. Бев во гумени влечки. Тоа беше летото ’98-та.  Мислев дека ме следат тајни служби. Одеднаш ми се стори дека треба да поразговарам со некакви раководни луѓе за тоа што се случуваше во нашата земја. И отидов со таа цел во Кремљ. Но, поминувајќи покрај зградата на ФСБ решив да запрам со автомобилот, си помислив дека треба таму да одам. Длабока ноќ, главниот влез е затворен, нема обезбедување. И почнав таму да се обидувам да влезам на сила, да викам, го скршив правоаголниот отвор на вратата. Се испружив на прагот како Христос. Се сметав себеси за натчовек. По неколку минути сепак дотрча обезбедувањето. Побарав да ме поврзат со премиерот. Како резултат на тоа повикаа милиција. По две недели се најдов во психијатриска болница. 

Доживотно волонтерство 

Сергеј Ениколопов  е раководител на одделот за медицинска психологија на Научниот центар за психичко здравје на Руската Академија на Медицински Науки.  

„Секое вклучување на душевно болни лица во активниот социјален живот е позитивно. Прашањето овде се состои во тоа како да се регулира за да не се дозволи голема оптовареност отколку што можат тие да поднесат. На прво место станува збор за тоа како човек ќе се справува со своите обврски. Едно е ако со работата не може да се справи здрав човек и нему може да му се каже тоа, но друго е душевно болен кој не може да се справи или чувствува дека не се справува. Веројатно треба да има многу деликатна  атмосфера на задачи и чекори од еден успех до друг. Има уште еден многу важен аспект за ова да не стане за организаторите како привремена играчка. За волонтерското движење ова е нормално – да се дојде на помош и да се замине. Во случајот со болните се јавува многу голема одговорност за луѓето кои сте ги зеле под своја грижа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња