„Њујорк Пост“ за руската хокеарска репрезентација: „Тим без земја го освои златото“

Grigory Dukor/Reuters
Американскиот весник „Њујорк Пост“ на својот сајт објави белешка посветена на победата на хокеарската репрезентација на Русија во финалето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Тој прилог го носи следниов наслов: „A team without a country wins hockey gold“ (превод: „Тим без земја го освои златото во хокеј“).

Во финалето на турнирот во хокеј пулените на Олег Знарок ја победија германската репрезентација во продолжението со резултат 4:3.

Руските спортисти на Олимпијадата настапуваа под олимписко знаме како „Олимпијци од Русија“, а во случај на победа се свиреше олимписката химна. Меѓутоа, руските хокеари самите на пиедесталот ја испеаја заедно со навивачите руската химна на церемонијата на доделување на медалите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња