Москва со најстудена ноќ годинава, Европа со арктички студ

Getty Images
Ниските температури не се ништо ново за Москва и за Русија воопшто, но не и на крајот на февруари.

Изгледа оваа година најстудентите денови доаѓаат во делот од годината кога се очекува постепено зголемување на температурите и топење на снегот. Но, тоа не случај оваа година. Откако московјани беа изненадени од огромниот снег кој следуваше по новогодишните празници, минатата нќ беше забележана и најниската температура оваа година во престолнината чија вредност се спушти до -19.8 степени Целзиусови.

Синоптичарите предвидуваат дека денес во континенталниот дел од Русија ќе биде зголемен атмосферскиот притисок, а исто така се забележува појава на силен антициклон кој ќе доведе до врнежи на снег и температури кои се 11 до 12 степени Целзиусови пониски од климатската норма.

Студен бран ја зафати и Европа. Дури и во нејзините јужни делови - Хрватска, Србија, Македонија и Грција забележани се големи врнежи на снег, што не е типично за овие региони во овој дел од годината. Причина за екстремно студеното време е антициклонот, кој практично ја зафати целата територија на Европа. Практично целата европска територија се најде под зголемен воздушен притисок, облаците се намалија, па затоа и воздухот навечер многу брзо се лади.

Според предвидувањата на руските синоптичари ваквата состојба ќе се задржи уште неколку дена, односно до крајот на оваа седмица. Санкт Петербург се наоѓа најблиску до центарот на антициклонот, па затоа и атмосферскиот притисок е мошне висок, а температурите се под нормата за овој период од годината.

Прочитајте повеќе за тоа како Русите опстануваат во неверојатните климатски услови?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња