Руските хокеари ја победија Германија и станаа олимписки шампиони првпат по 1992 година

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Хокеарската репрезентација на Русија ја победи Германија во финалето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг со резултат 4:3.

Победоносниот гол го постигна 18-годишниот Кирил Капризов. Претходно Никита Гусев двапати ја затресе противничката мрежа, а Вјачеслав Војнов еднаш.

Натпреварот заврши со резултат 4:3 за Русите (1:0, 0:1, 2:2, 1:0). Русија поведе половина секунда пред крајот на првата третина, а Германците возвратија во втората со иста мера. Во третата третина Русите повторно поведоа, а Германците изедначија и поведоа, па Русите изедначија. Погодокот на Кирил Капризов во продолжението на натпреварот им го донесе на Русите златото.

Последен пат руските хокеари беа олимписки шампиони далечната 1992 година, непосредно по распадот на СССР, кога златото го освои обединетата екипа на Заедницата на независни држави. Русија била вкупно седум пати олимписки шампион во хокеј. За германските хокеари сребрениот олимписки медал досега е најголемиот успех во овој спорт.