Maxim Korotchenko / TASS
Потомците на древните Монголи, познати како Калмици, живеат во јужна Русија во Република Калмикија, единствениот регион во Европа каде будизмот е главна религија. Храмот Златниот дом на Буда го подигнаа за да ја зачуваат својата вера откако советската власт се обиде да го промени нивниот начин на живот.
Голем дел од населението на Република Калмикија се спротивставуваше на напредувањето на Црвената армија на југот на Русија во граѓанската војна, а некои дури им помагаа на нацистите во Втората светска војна.
Протерани од својата земја во 1943 година, Калмиците се селеа ширум Советскиот Сојуз сѐ додека во 1956 година не им беше дозволено да се вратат на своите огништа. Меѓутоа, будизмот доживеа процут дури по распадот на СССР.
Getty Images
Тензин Гјатско, четиринаесеттиот Далај Лама ја благослови изградбата на храмот Златниот дом на Буда, еден од најголемите европски будистички храмови, кога во 2014 година ја посети Елиста, главниот град на Калмикија.
Andrey Babushkin / TASS
Свеченото отворање на храмот во декември 2005 година беше посветено на будистичкиот празник Зулу и Денот на депортацијата.
Според будистичката традиција, храмот има и посебна резиденција за Далај Лама. Се наоѓа на петтиот кат и се состои од работна соба, соба за приеми, спална соба и кујна.
Kirill Braga / Sputnik
Иако Далај Лама никогаш не престојувал во својата руска резиденција, петтиот кат е секогаш слободен и подготвен за негова посета.
Mergen Bembinov / Sputnik
Меѓутоа, храмот го посетија некои други познати луѓе. Жителите беа мошне возбудени кога во 2007 година пристигна актерот Стивен Сигал. Сега тој е почесен граѓанин на Калмикија, а тие му подарија и стан.
Храмот е познат и по деветметарскиот позлатен кип на Буда. Тоа е најголемиот Буда во Европа.
Dmitry Rogulin / TASS
Во храмот служат 27 луѓе, вклучувајќи ги и монасите. Тие се занимаваат со астрологија, будистичка медицина и духовни ритуали. Многумина од нив ги стекнале своите вештини во будистичките храмови во Индија.