Неповторливи: Руските лизгачки Медведева и Загитова во Пјонгчанг урнаа два светски рекорда

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Младите руски лизгачки за неколку минути една по друга соборија два светски рекорда.

Руската лизгачка Евгенија Медведева веднаш штом излезе на мразот покажа дека на Олимпијадата дошла за да победи. Пред неа, вистина,  е уште и слободната програма в петок, но таа најави дека од неа може многу да се очекува.

Со својата изведба во кратката програма во Пјонгчанг таа го собори светскиот рекорд со резултат 81,06. Изгледаше дека тешко може подобро. Но, тоа за Медведева не важи. Се надмина самата себеси и во оценката за техниката и во оценката за елементите, а 81,06 поени стана нов светски рекорд во кратката програма. 

Двојната светска шампионка, која пропушти многу поради повреда на зглобот, се врати уште посилна.

Алина Загитова не излезе на мразот веднаш по Медведева, туку по настапот на Јапонката Сатоко Мијахари и Канаѓанката Кејтлин Озмонд.

Оваа сезона најдобар резултат во кратката програма таа постигна на Европското првенство во Москва - 80,27. За да ја надмине Медведева, Загитова не само што требаше да изведе сѐ беспрекорно во технички поглед, туку и да ги наведе судиите да поверуваат дека нејзиното лизгање не е ништо послабо.

Алина успеа и во едното и во другото. 45,30 за техника е неверојатен резултат, кој може да се надмине само ако во програмата се примени и троен аксел. Но тоа, веројатно, можеше и да се очекува. Но дека Загитова ќе добие за елементите 37,62 поени – тоа е веќе велемајсторски резултат. Претходно не добиваше повеќе од 36,28.

82,92 поени на тој начин по настапот на Загитова стана нов светски рекорд во кратката програма. И сега токму таа е главниот фаворит за златниот медал.

Прочитајте повеќе: Која е новата руска ѕвезда на уметничкото лизгање?