Во седиштето на ОН во Њујорк е одбележана годишнината од смртта на шефот на руската мисија при светската организација и еден од најкомпетентните дипломати во нејзината историја Виталиј Чуркин.
Амбасадорот Чуркин беше истакната личност во ООН. Беше исклучително ценет, а со својот интелект и смислата за хумор ги пленеше сите околу него, рече претседавачот на 72 сесија на Генералното собрани на ОН Мирослав Лајчак, истакнувајќи го значењето на рускиот дипломат со несекојдневен квалитет за целата меѓународна заедница, а не само за неговата земја.
„Една година по заминувањето на Виталиј Чуркин многу ни недостига неговиот специфичен шарм, страста со која ги штитеше интересите на својата земја и посветеност на ОН“, изјави официјалниот претставник на генералниот секретар на ОН Стефан Дижарик.
Во врвот на меѓународната политика Чуркин се најде како еден од најбрилијантните руски дипломати, нагласи Дижарик, истакнувајќи го извонредниот животен пат што го помина рускиот дипломат и неговото служење на рускиот народ и на целокупната меѓународна заедница.
Тој уживаше голема почит и восхит од сите негови колеги, додаде Дижаарик.
Дипломат Александар Волгарев кој со Виталиј Чуркин во Њујорк работеше речиси десет години, потсети во разговорот за агенцијата ТАСС на седницата на Советот за безбедност во февруари 2017 година на која Метју Рајкрофт ја критикуваше Русија поради враќањето на Крим, а Чуркин му одговори со нему својствениот остар манир.
„Виталиј Иванович реагираше со молскавична брзина и на Велика Британија ѝ предложи да им ги врати на законските сопственици Фокландските Острови, Гибралтар и архипелагот за да имаат морално право да ја разгледуваат припадноста на Крим. Англичанецот црвен во лицето нервозно почна да ги запишува зборовите на Чуркин, а Американката Ники Хејли, новата претставничка на САД, на која тоа ѝ беше една од првите седници, слатко се насмеа. Така гаѓаше право во целта нашиот пратеник. За жал, тоа беше една од последните седници на Виталиј Чуркин“, рече Волгарев.
Рускиот дипломат почина на работното место, на денешен ден пред една година, во пресрет на неговиот 65 роденден. На должноста руски амбасадор при ОН беше од април 2006 година. Претседателот на Русија Владимир Путин постхумно го одликуваше Виталиј Чуркин со Орден за храброст.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче