Рускиот дипломат нагласи дека поради „слабоста на органите на редот и системот за безбедноста целиот крај претставува „сива зона“ токму во центарот на Европа која се користи и како засолниште и место за транзит на криминалците и радикалните исламисти“, пренесува РИА „Новости“.
„Тоа им овозможува на екстремистичките групации да ја користат таа територија како место за врбување и обука на терористи. Косово е во тројката лидери во Европа според бројот на оние кои ги пополнуваат редовите на „Исламската држава“ по глава на жител“, изјави Чуркин.
Според последниот извештај на комитетот на Советот за безбедност на ООН за прашања поврзани со ИД и „Ал Каеда“, во Ирак и Сирија на страната на терористите војуваат околу 30 илјади странци.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче