Саманта Пауер го нарече Виталиј Чуркин „пријател“

Поранешниот постојан претставник на САД во ООН Саманта Пауер напиша колумна посветена на работата со рускиот колега Виталиј Чуркин, кој почина на 20 февруари.

Материјалот е објавен во весникот „Њујорк Тајмс“.

Пауер истакна дека во текот на заедничката работа со Чуркин таа била неговиот најистакнат противник. Притоа таа го нарекува добар пријател. Таа потенцира дека тој единствениот од колегите во ООН когоруска  таа поканила дома на гости за Денот на благодарноста. За време на една од последните средби, според неа, таа му предложила на Чуркин, откако тој ќе замине во пензија, заедно да предаваат во некаква образовна установа. „Ме убива тагата поради неговата смрт“, изјави дипломатот, пренесува „Лента.ру“.

Чуркин, според зборовите на Пауер, бил извонреден раскажувач со неверојатно чувство за хумор. Нивна заедничка забава бил спортот, иако Русинот сакал хокеј и тенис, а Американката бејзбол. Таа не успеала да го убеди колегата дека бејзболот е интересен.

Пауер пишува дека ја натажува односот спрема заслугите и доблестите на Чуркин, особено тоа, што сите негови постигнувања се толкуваат како компромиси за „руската агресија“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња