Најголемата нуклеарна несреќа на територијата на современа Русија се случи на 29 септември 1957 година. Како последица на несреќата голем број имашливи села е раселен, а природната средина деградирана.
Несреќата се случи во советскиот хемиски комбинат „Мајак” за производство на плутониум кој се употребуваше во изработката на нуклеарно оружје. Заводот се наоѓаше во затворениот град под шифрираното име Челјабинск-40 (1770 километри од Москва). Причина за несреќата беше дефект во системот за ладење во резервоарот со течен радиоактивен отпад.
Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (IAEA) ја оцени Киштимската катастрофа, како што е наречена оваа несреќа, како трета најтешка нуклеарна несреќа во историјата, веднаш по Чернобил и Фукушима.
Денес на ова контаминирано место се наоѓаат само напуштени градби кои пропаѓаат веќе половина век.
Иако самата експлозија не однесе жртви, радиоактивниот облак се прошири и го контаминираше теренот илјадници километри околу епицентарот. Евакуирани се повеќе од 8000 луѓе кои живееја во близина на експлозијата, но населбата Мусљумово остана негибната.
Жителите на други села ги напуштија своите куќи и ги оставија своите лични предмети. Тие се закопани во посебни депонии.
Тајноста која го опкружуваше комбинатот за производство на плутониум бараше советската власт да го евакуира населението од контаминираниот терен, а притоа да не ги извести луѓето за причините за раселувањето. Луѓето беа присилени да се преселат, а немаа поим за опасноста. Жителите на други села продолжија да живеат во своите куќи, неинформирани за тешките последици од несреќата.
Реката која течеше низ Мусљумово е користена за одлагање на радиоактивниот отпад дури и пред експлозијата. Никој не го извести населението дека реката е опасно загадена.
Дури во 2009 година на луѓето од Мусљумово им е понудено да се преселат во новоизградената населба. Само три домаќинства одбија да се иселат и до ден-денес живеат на контаминираниот терен.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче