Руската компанија „Саратов ерлајнс“ ги приземји сите авиони Ан-148 и ги запре нивните летови по вчерашниот пад на таквото летало, соопшти денес прес-службата на таа компанија, прецизирајќи дека има шест такви авиони.
Во соопштението се наведува дека Ан-148, кој се урна вчера, во јануари оваа година ја поминал контролата и дека сите делови на моторите, каросеријата и крилата се темелно испитани и се истакнува дека пред полетувањето од Москва авионот вчера бил прегледан и не е утврден никаков недостаток.

Xinhua/Sputnik / Global Look Press
Украинската државна компанија „Антонов“, која ги произведува и поправа авионите, соопшти дека е подготвена да ѝ се приклучи на истрагата за падот на авионот на руската авиокомпанија во Московската област.
Операцијата за пребарување на местото на падот на авионот, која продолжува под отежнати околности поради длабокиот снег, ќе трае околу една недела, изјавија официјалните лица. Остатоците од авионот се расфрлани на подрачје од најмалку 30 хектари. Распоредени се специјални сили на местото на падот на авионот - 900 луѓе и 100 единици опрема. Операцијата за пребарување во смени се одвива без престан.

Евгениј Синицин/Xinhua / Global Look Press
Роднините на сите загинати се идентификувани и на домашните адреси им е дадена потребната помош, а во Москва и Орск за нив се резервирани хотелски соби. Во контакт со семејствата на жртвите е и тим од 29 психолози.
Процедурата за идентификување на остатоците на загинатите патници и членови на екипажот е во тек во Москва и Орск.
Bai Xueqi/Xinhua / Global Look Press
Истражителите денес зедоа примероци од горивото на урнатиот авион, изјави за руската агенција извор во регионалната влада, додавајќи дека се проверуваат сите организации поврзани со „Саратов Ерлајнс“.
Спасувачките екипи ја пронајдоа на местото на падот на авионот Ан-148 црната кутија и повеќе од 200 фрагменти на тела.
Bai Xueqi/Xinhua / Global Look Press
Авионот пред падот не горел и до експлозијата дошло во моментот на удар во земја, изјавија од Истражниот комитет на Руската Федерација.