Човек од Сочи ја избегна смртта со замена на билетите за кобниот лет 703

Global Look Press
Тој планирал да го посети Орск за да го прослави својот роденден, но се премислил во последен момент.

На 11 февруари се урна патнички авион кратко време по полетувањето од аеродромот Домодедово во Москва, при што загинаа сите 65 патници и шест членови на екипажот. Едно лице ќе се смета себеси дека има голема среќа, бидејќи за малку ја избегна смртта со тоа што го замени својот билет од Москва до Орск.

Максим Коломејцев, кој живее во Сочи, планирал да го прослави својот роденден во неговиот роден град Орск - и да го земе новиот автомобил додека е во градот. Автомобилската компанија му соопштила дека ќе биде подготвена на 10 февруари, па тој требаше да лета еден ден подоцна, но го информираа дека автомобилот всушност ќе пристигне една недела подоцна. Како резултат на тоа, Коломејцев ги заменил своите билети непосредно пред да полета летот 703 на Саратов Ерлајнс.

„Изгубив 10000 рубли (172 долари) за замена на билетите, но добив втора шанса во животот“, напиша Коломејцев на својот профил на социјалните мрежи на 11 февруари.

Повеќе за авионската несреќа на англиски јазик прочитајте овде.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња