Момче на шега цел месец ѕвонело на противпожарната служба

Понекогаш децата навистина можат да ве иритираат – особено ако сте сибирски пожарникар а едно 9-годишно дете на шега се јавува во вашата канцеларија.

Понекогаш децата навистина можат да ве иритираат – особено ако сте сибирски пожарникар а едно 9-годишно дете на шега се јавува во вашата канцеларија.

Getty Images
Младиот измамник на крајот беше фатен пред да го искараат пожарникарите.

Во јануари 2018 година, пожарникарите од малиот град Уст-Кут во близина на Иркутск (4200 километри источно од Русија) им раскажуваа на децата што треба да направат во случај на итност: да завртат 101 или 112. Но, еден ученик - деветгодишниот Вадим - одлучи да се забавува.

Шегаџијата постојано ѕвонел на броевите. Околу еден месец. На полицијата ѝ беа потребни недели пред да успеат да го пронајдат. Тие го натераа да посети психолог - додека пожарникарите со кои тој толку долго се шегуваше го поканија во пожарната. Таму му рекоа дека не треба да ѝ го губи времето на службата за итни случаи, велејќи дека тој можеби ги става животите на луѓето под ризик со лажните повици.

„Зборувавме со него за нашата работа, објаснивме колку е важна брзата реакција, кога минути решаваат за судбината на животите на луѓето и нивниот имот“, изјави командирот на противпожарната служба. Да речеме дека се сомневаме дека Вадим наскоро ќе добие мобилен телефон од неговите родители.

Погледнете го видеото: Деца од градинка во Краснојарск тренираат издржливост на студ на -16 C°

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња