На крај возачот останал во возилото, а неговиот колега пеш се упатил по помош до најблиската населба оддалечена околу 30 километри.
Global Look PressИнцидентот се случил на патот кон местото Нови Ургал во Хабаровскиот крај. При преминувањето на реката товарното возило паднало и го скршило мразот. Иако водата не била длабока, возачот и совозачот самите не успеале да го извлечат камионот. А уште покомплицирана ја направило ситуацијата тоа што немало сигнал за мобилна телефонија.
На крај возачот останал во возилото, а неговиот колега пеш се упатил по помош до најблиската населба оддалечена околу 30 километри. Меѓутоа, пред да пристигне помошта, камионот замрзнал во реката.
Успеале да го извлечат дури по недела дена и тоа со помош на „Камаз“ и загревање на тркалата со топлотни пиштоли. Возачот целото време го поминал во кабината на својот камион.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче