Во „гаражата“ на речното дно покрај цистерната остана и тракторот Т-130 кој безуспешно се обидуваше да ги извлече камионот и автодигалката.
Автодигалката „Уран“ е извлечена на брегот вчера, соопшти сајтот на регионалната управа на Министерството за вонредни состојби (МЧС). Судејќи според видеоснимката што ја објави ресорното министерство, работите се одолговлекоа па продолжија и во мрак. Спасувачките екипи натоварија и однесоа на рециклажа 25 кубни метри мраз, извалкан од нафтата што се излеа од потонатиот камион-цистерна.
Според раководителот на локалната оперативна група на МЧС Сергеј Марченков, во овој момент се подготвува механизацијата за извлекување на брег на цистерната која ја причини целата драма (танкерот со 20 тони гориво користел недозволен премин преку заледената река и падна на нејзиното дно).
Извлекувањето на тешката техника од водата го отежнуваат силните мразови. Во такви услови работите можат да се вршат само во втората половина на денот. На подрачјето на градот Киренск температурата според последните метеоролошки податоци се спушти на 38 степен под нулата, а за утре и задутре се прогнозираат минус 35.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче