Неверојатни фотографии: „Супер сината крвава месечина” над Русија

Полна месечина над споменикот посветен на хероите на Црвената армија во Владивосток, Русија, среда, 31 јануари 2018 година. Почната сина месечина над Русија изгледаше како супермесечина.

Полна месечина над споменикот посветен на хероите на Црвената армија во Владивосток, Русија, среда, 31 јануари 2018 година. Почната сина месечина над Русија изгледаше како супермесечина.

AP
Дали ја пропуштивте глетката на супер сината крвава месечина над Русија? Russia Beyond за вас избра неколку сјајни фотографии од овој исклучително редок небесен феномен.

Во средата и четвртокот ноќта на небото над нашата планета се поклопија три различни астрономски феномени. Појавата позната како супер сина крвава месечина претставува комбинација од помрачувањето на месечината, супермесечина и крвава месечина. Ова последен пат видено на источната хемисфера 1982 година, додека западната хемисфера овој настан можела да го види пред повеќе од 150 години.

Крвавата полна месечина над ридот во Владивосток на Далечниот Исток на Русија додека истовремено се случуваат сина месечина, супермесечина и целосно помрачување на месечината.

Русија овој фантастичен призор можеше да го следи ноќта спрема четвртокот, а среќа имаа и љубителите на набљудувањето на небесните појави во Австралија, Азија и Северна Америка.

Фазите на целосни помрачување на месечината за време на крвавата месечина и супермесечина.

Супермесечината може да се види кога е полна месечина во моментот кога се наоѓа најблиску до Земјата. Супермесечината може да биде 14% поголема и 30% посјајна од обичната полна месечина.

Мајка и дете во вечерна прошетка во Симферопол.

Со оглед дека оваа супермесечина беше втората полна месечина во јануари, позната е под името сина месечина. Кога доаѓа до помрачување на месечината, се појавува и таканаречената сина месечина: топката станува портокалова, речиси темно црвена. Кога се се поклопуваат овие три појави, тоа е познато како супер сина крвава месечина.

Градскиот ветроказ во форма на ангел на врвот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Санкт Петербург на фон на месечината.

 

Иако поклопувањето на овие три појави е исклучителна реткост, НАСА соопшти дека нејзиното следно појавување нема да мораме премногу долго да го чекаме, само до 2037 година. А овде можете да ја погледнете и видеоснимката од овој прекрасен небесен феномен.

Прочитајте повеќе: Нов научен метод може да ги предвиди влијанијата на Сончевото зрачење на Земјата со години однапред

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња