Русија ќе отвори гласачко место во Северна Кореја за еден нејзин државјанин

Владимир Ли (лево) и неговата сопруга (десно) со амбасадорот на РФ во ДНРК Александар Мацегора (центар).

Владимир Ли (лево) и неговата сопруга (десно) со амбасадорот на РФ во ДНРК Александар Мацегора (центар).

Амбасада на Русија во ДНРК
Владимир Ли ќе мора да патува околу 200 км за да гласа.

Владимир Ли е единствениот руски државјанин кој живее во Северна Кореја. Како што информира руската амбасада во земјите од Источна Азија, на 18 март 2018 година - денот на претседателските избори во Русија - избирачкото место ќе биде отворено само за него.

Роден е на почетокот на 1950-те години на Камчатка, каде што неговиот татко, севернокорејски државјанин на работна задача, се оженил со неговата мајка, Русинка. По завршувањето на работните обврски на неговиот татко, тој ги сопругата и синот со него во Вонсан во својата татковина, каде што пораснал Владимир.

По смртта на нејзиниот сопруг, мајката на Владимир се враќа во Русија, но тој останува во Северна Кореја, каде што ја пронаоѓа својата љубов, актерка во локалниот театар. Кога нивните деца пораснале, отишле во Русија за да студираат и да живеат со својата баба, но Владимир останува во Северна Кореја, каде што продолжува да живее и го задржува своето руско државјанство.

Тој гласа кога се одржуваат руските избори. Тој ќе мора да патува околу 200 километри од градот Вонсан, каде што живее, до Пјонгјанг, каде што се наоѓа амбасадата.

Прочитајте зошто половина Руси сакаат четврти мандат за Путин

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња