Германски сајт: Зошто војна со Русија е гарантирано самоубиство

Војници подготвуваат ракета за лансирање на системот „Искандер-М”.

Војници подготвуваат ракета за лансирање на системот „Искандер-М”.

Дмитриј Рогулин/TASS
Германскиот сајт „Контра Магазин“ (Contra Magazin) смета дека воени дејствија против Русија се самоубиствени.

Материјалот што го објави изданието на германски јазик Contra Magazin носи ваков наслов: „НАТО против Русија: Оној кој мечтае за војна со Русија, мечтае за самоубиство“.

Во публикацијата како многу убедлив аргумент се наведува примерот со оперативно-тактичките ракетни системи „Искандер-М“ кои можат да носат конвенционални и нуклеарни боеви глави. Овие ракети се распоредени во Калининградската област, што значи до Варшава стигнуваат за само 2 минути, а до Берлин за 4 минути. Невозможно е да бидат пресретнати и запрени со оглед на големата брзина и висината на нивниот лет.

Западниот систем за противракетна одбрана дејствува во стратосферата, а ракетите „Искандер“ летаат во мезосферата. Како што пишува наведеното издание, тие едноставно прелетуваат над противракетниот „штит“, а потоа со непредвидлива траекторија пикираат кон целта.

Моќта на руското оружје не единствениот аргумент. „Контра Магазин“ укажува и на патриотизмот на граѓаните на Русија.

„Русија покажува дека тој облик на лојалност спрема татковината воопшто не е застарен“, се вели во публикацијата. Изданието исто така истакнува дека Русија и под санкции успеа да намири повеќе од 200 милијарди долари надворешен долг.

„Контра Магазин“ смета дека Трамп и неговите соработници се реалисти кои веќе сфатија дека војна против Русија нема никаква перспектива. На трговските фронтови конфронтацијата е сѐ поголема, но во дискусиите меѓу САД и Русија повеќе не фигурираат отворени воени закани.

Прочитајте: Зошто Искандерите се во Калининград

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња