Пијан маж (29) грабна воено возило од паркинг на авто школа и низ шумата дојде до центарот на градот. Штом го скрши излогот на продавницата излезе од возилото и отиде до полиците со вино. Таму е и уапсен.
Само шест дена порано (4 јануари) истото лице украде камион КамАЗ.
Оклопното возило снимено во Апатити личи на советското воено возило МТ-ЛБ. Вработените во авто школата од која е украдено возилото велат дека не го познаваат човекот и дека не им е јасно како можел да управува со него. „Тоа не е толку едноставно, треба да се знае што треба да се вклучи, на што да се притисне“, вели заменик-директорката на авто школата.
Прочитајте Зошто Русите пијат многу?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче