Анкета: Повеќе од третина Руси не употребуваат алкохол

Алкохол во супермаркет.

Алкохол во супермаркет.

ИТАР-ТАСС
Една четвртина од учесниците во истражувањето изјавиле дека пијат алкохолни пијалаци помалку од еднаш месечно.

Бројот на Руси кои не пијат алкохол порасна на 39% во последните осум години, велат резултатите од анкетата објавени од Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ).

„Резултатите од истражувањата бележат намалување на нивото на употреба на алкохол во нашата земја: така, ако во 2009 година 25% од Русите изјавиле дека не пијат алкохол, во 2017 се веќе 39% (меѓу жените и мажи на возраст од 18-24 години - 47%)“, се вели во истражувањето на социолозите.

Притоа една четвртина (25%) од испитаниците изјавиле дека пијат алкохол помалку од еднаш месечно, 16% - два или три пати месечно. Само 5% од испитаниците пијат алкохол секој ден или неколку пати неделно. Социолозите исто така, бележат позитивен тренд во намалувањето на употребата на алкохол кај потрошувачите на алкохол: така, околу 44% од испитаниците почнале да консумираат помалку алкохол отколку пред една година. Истовремено, половина (50%) консумираат алкохолни пијалаци во ист обем како и пред една година.

Според студијата, поголемиот дел од Русите (80%) сметаат дека сите видови алкохол имаат негативни последици за здравјето и дека не постојат „безопасни“ видови на алкохолни производи. Само 15% од испитаниците изјавиле дека некои видови на алкохол не се опасни за здравјето (како пример тие го навеле, пред сѐ, виното).

„Важен тренд кој го бележиме во текот на изминатите неколку години е постојаниот пад на уделот на потрошувачката на таканаречените „домашни наркотици“. (...) Од друга страна, истакнуваме дека здравиот начин на живот, како самостојна вредност, станува сѐ пораспространет“, ги коментира резултатите од истражувањето раководителот на одделот за информациона политика и комуникациски технологии на ВЦИОМ Кирил Родин.

Серуската анкета на „ВЦИОМ-Спутник“ е спроведена на 3-4 август 2017 година. Големината на примерокот е 1200 испитаници постари од 18 години, максималната грешка со веројатност од 95% не надминува 3.5%, пренесува ТАСС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња